Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција изјави дека после тримесечната борба со корона-вирусот борбата трае и ќе трае, вирусот ќе биде присутен и нема да замине и дека ќе мора да научиме да живееме со вирусот.
Со попуштањето и олабавувањето на рестриктивните мерки остануваат препораките за носење маска, често миење на рацете и обавезно држење на пропишаната дистанца.
Од сега огромен дел во борбата со вирусот паѓа на граѓаните, на нивната свест, -изјави министерот Филипче.