Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека од утре се укинуваат квотите за лековите на рецепт во аптеките во регионите на туристичките места Охрид, Струга, Дојран, околината на Гевгелија и регионот на Ресен.
-“Од утре ги укинуваме квотите на рецепт во аптеките во регионите на Охрид, Струга, Дојран, околината на Гевгелија и регионот на Ресен. Со оваа одлука, во фази започнува спроведувањето на мрежата за доставување на лекови без квоти и воспоставување на дополнителни механизми за заштита од злоупотреба. Придобивка од ова решение е надминување на проблемот со недостатокот на лекови, односно, лековите на рецепт и тие ќе бидат подостапни за пациентите” – изјави министерот за здравство Венко Филипче.
https://www.facebook.com/filipce.venko/videos/692012964594158/