Само заеднички можеме да се заштитиме и да го заштитиме јавното здравје. Јавното здравје е наша заедничка одговорност. Секој од нас може да придонесе за спречување на ширењето на вирусот и е должен одговорно да се однесува. Затоа повторно апелирам:
-Доколку сте биле во некој од ризичните региони во северна Италија, останете во самоизолација 14 дена. На тој начин го штитите своето семејство и своите сограѓани. Доколку за време на изолацијата почуствувате симптоми, контактирајте го локалниот центар за јавно здравје.
– На властите, на граница или на медицинските лица кажувајте им исклучиво точни информации. Криењето на информации нема да ве заштити ниту вас ниту вашите најблиски. Тоа е неодговорно и кон целото општество.
– Одржувајте лична хигиена и почитувајте ги препораките кои во изминатите 14 дена активно ги комуницираме. На следните линкови се сите потребни информации како да го заштитите вашето здравје и здравјето на другите.
СПОДЕЛЕТЕ! – напиша министерот за здравство, Венко филипче на својот официјален фб профил.