Фљакрон Беџети назначен за нов државен секретар во МТСП

Сподели

 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, во рамки на своите законски надлежности, го назначи Фљакрон Беџети за нов државен секретар во Министерството за труд и социјална политика.

Според законот, државниот секретар го назначува ресорниот министер од редот на раководните  државни службеници. Фљакрон Беџети  функцијата државен секретар ја презема од позиција на раководител на одделението за претставки и предлози во рамки на Секторот за правни и нормативни, општи и заеднички работи.

 

 

Новиот државен секретар се сретна и со заменик министерот Енвер Хусејин.

Министерката Тренчевска и заменик министерот Хусејин на државниот секретар Беџети му посакаа успешна работа и кариера.