Форбс даде одговор: Кој е најплатениот фудбалер на светот? – Има промена на врвот!

Сподели

Американскиот бизнис магазин Форбс го даде одговорот на прашањето, Кој е најплатениот фудбалер на светот?

Форбс објави дека фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо е најплатениот фудбалер во светот!

Португалецот го замени Аргентинецот Лионел Меси на врвот, а Роналдо оваа сезона ќе заработи 106 милиони евра пред оданочување, од кои 60 милиони евра се однесуваат на платата и бонусите што ќе ги добие за враќање на „Олд Трафорд“.

Остатокот ќе ги заработи од други работни места и рекламирање на најсилните светски брендови.

Меси во тековната сезона ќе заработи 64 милиони евра од ПСЖ, а заедно со рекламите, речиси 94 милиони евра.

Нејмар е на третото место со приходи од 81 милион евра, а потоа следи друг играч на ПСЖ, Килијан Мпабе, со плата од 36 милиони евра.

Само тројца спортисти ќе заработат повеќе пари од реклами од Роналдо, а тоа се тенисерот Роџер Федерер (77 милиони евра), кошаркарот Леброн Џејмс (55) и голферот Тајгер Вудс (51).

Во ТОП 10 се уште и овие фудбалери….

The post Форбс даде одговор: Кој е најплатениот фудбалер на светот? – Има промена на врвот! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico