Националниот стадион во Зеленортските Острови наскоро ќе го носи името на неодамна починатата фудбалска легенда Пеле, потврди премиерот на оваа африканска земја, Улисес Кореира е Силва.
Така, првиот човек на оваа земја го прифати предлогот на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, секоја земја да именува стадион во својата земја по еден од најголемите фудбалери на сите времиња.
Стадионот со капацитет од 15.000 луѓе, кој се наоѓа на периферијата на главниот град Праја и го носи името „Estadio Nacional de Cabo Verde“, ќе се преименува и ќе го носи името на познатиот Бразилец.
CONFIRMED: Cape Verde’s national stadium in Praia will be the first to be named after Brazilian legend Pele following his funeral.
The 15,000 seater “Estadio Nacional de Cabo Verde” was erected in 2010 and opened in 2014. #ConnectSports pic.twitter.com/xOQtTDXmmW
— Connect 97.1fm (@Connect971fm) January 4, 2023
„Како почит и признание за неговата личност која сите не прави големи, имам намера нашиот национален стадион да го именувам „Стадион Пеле“, во иницијатива која верувам дека ќе ја следат земјите во светот. Со физичкото исчезнување на Едсон Арантес Насименто, кралот Пеле, кој беше планетарна икона, идол на масите, кој имаше моќ да ги обединува луѓето ширум светот, наша желба е сега, на овој начин, да му оддадеме признание и почит“, напиша на својот Фејсбук профил, првиот човек на оваа земја.
Тој збвореше и за големото влијание што Пеле го имаше врз португалската култура, која е се по присутна на Зеленортските Острови, земја каде што се зборува овој јазик.
Зеленортските Острови и Бразил имаат историја и култура кои одат рака под рака, имајќи предвид дека се две сестрински земји, поврзани со јазикот и други слични работи.
,,Пеле беше и засекогаш ќе остане симбол на Бразил, во нашата земја од португалско говорно подрачје и во остатокот од светот, тој беше идол на многу генерации“, заклучи премиерот на Зеленортските Острови.
The post (ФОТО) Голема почит и признание за Пеле – Ова е првиот стадион кој ќе го носи неговото име! first appeared on .
Powered by WPeMatico