По тешката битка со ракот, почина Фреди Фу, еден од најпознатите светски хирурзи, кој е заслужен за тоа што кариерата на Златан Ибрахимовиќ сеуште трае.
Д-р Фу е роден во Хонг Конг и својата кариера ја изгради во Америка. Тој стана претседател на Американското ортопедско здружение за спортска медицина во 2008 година, а во текот на неговата кариера доби различни награди во областа на хирургијата.
Во моментов, тимот предводен од Фу има повеќе од 100 студии завршени или започнати со цел да научат што е можно повеќе за третманот на коленото. И токму со операцијата на коленото тој му помогна на Златан Ибрахимовиќ, напаѓачот на Милан, да ја продолжи кариерата во најтешките моменти.
Во 2017 година, Ибрахимовиќ се здоби со тешка повреда на натпреварот Манчестер Јунајтед-Андерлехт во четвртфиналето на Лига Европа, што му се закани дека засекогаш ќе го оддалечи од професионалниот фудбал.
Сепак, Фу и неговиот тим успешно го оперираа Златан во Рим, а по неговото опоравување фудбалерот се пресели во Лос Анџелес Галакси и по две одлични сезони во МЛС се врати во Милано каде сеуште е важен фактор, иако ќе слави 40-ти роденден на почетокот на октомври.
Откако дозна дека Фреди Фу почина, Ибрахимовиќ се огласи на социјалните мрежи.
– Фреди Фу ми даде втора шанса во кариерата. Сеуште сум на врвот само благодарение на него. Му должам се. Благодарам Фреди Фу. Почивај во мир – рече Ибрахимовиќ.
Напаѓачот имаше проблеми со повредите во минатото, што се одрази на почетокот на новата сезона. Швеѓанецот одигра само 31 минута во Серија А на натпреварот против Лацио каде беше стрелец на еден гол.
И без него, Милан игра добро и моментално се наоѓа на второто место со 16 бода од шест натпревари. Враќањето на миленикот на фановите на теренот само дополнително ќе го засили тимот на Стефано Пиоли.
The post ФОТО: Почина човекот кој му ја спаси кариерата на Златан Ибрахимовиќ – Еве како швеѓанецот се прости од него! appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico