Фотографска изложба на фрески и икони од “Св.Ѓорѓи” – Курбиново

Сподели

Фотографска изложба на фрески и икони од “Св.Ѓорѓи” – Курбиново

Национална Институција  Музеј и Завод Битола,  22- 30 јуни, 2017 година

Оваа изложба која што  ги претставува резултатите од првиот дел од прокетот Македонски Фрески -Маско 360, се имплементираа од страна на здружението “Македонида”- Скопје, под раководство на Професор Панче Велков, во соработка со Професорот Филип Нивонер од факултетот за Христијанска археологија и византиска историја на уметност при универзитетот Георг Аугуст во Гетинген, Германија, но и со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија и германскиот Институтот Макс Планк.

Студентите од Гетинген, кои се специјализираат во областа на византиската уметност како и во дигиталната фотографија, ги изработија изложените фотографии од црквата “Свети Ѓорѓи” во Курбиново, за време на нивниот престој во Македонија, уште во текот на 2016 година,  период во кој што веќе беа започнати конзерваторските работи на црквата.

Фотографската изложба е пропратена со видео бим презентација подготвена од Националната установа Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Битола, задолжена за истражувачките работи и конзервацијата на фрескосликарството и архитектурата на храмот, под раководство на Ристо Палигора, советник конзерватор при НУ Завод и музеј – Битола. Презентацијата дава поширок осврт на досегашните резултати  од Проектот, како и повеќе информации за понатамошните чекори од кознерваторскиот процес.

Во наредниот период конзерваторскот проект на Црквата ќе опфати и подготовка на предлог проект за изработка на инфраструктура  на локалитетот околу црквата, која што ќе овозможи Курбиново да прерасне во значаен туристички центар. Во овие активности е вклучен францускиот архитект Ерве Декломенил, реномиран специјалист за заштита на споменичното културно наследство од Нормандија. Неговата мисија во Македонија се реализира со подршка на здружението Македонида, а под директно покровителство на Неговата Екселеција,  Господинот Кристијан  Тимоние, Амбасадор  на Република Франција во Македонија.