Федерацијата на планинарски спортови на Македонија преку својата Фејсбук-страница изрази жалење и сочуство до семејствата и на загинатите планинари Калина Велевска и Александар Миновски.
Тие известија дека е формирана комисија која ќе го испитува случајот.
„Комисијата ги очекува сите релевантни податоци од надлежните институции во Република Македонија и соседна Република Грција, како и официјалните податоци од организаторот на планинарската експедиција. Од огромна важност за Федерацијата ќе биде да се направи темелна анализа за трагичниот настан. Болката и тагата за прерано згаснатите животи не може да се надомести со ништо, но вистината за трагичниот настан заслужува да ја знаат семејствата, планинарите и нашите членови. Во меѓувреме, сакаме да се воздржиме од шпекулации и дезинформации за настанот, затоа што ваквите настани заслужуваат темелна и длабока анализа во соработка со сите надлежни институции“, стои во соопштението од Федерацијата.