ФРАНЦИЈА ЈА УКИНА ЗАБРАНАТА ЗА НОСЕЊЕ БУРКИНИ

Сподели

Францускиот највисок административен суд ја суспендираше забраната за носење буркини на јавните плажи, воведена во неколку градови.

Забраната „сериозно и јасно незаконски ги крши фундаменталните права за слобода за движење, слободата на верување и индивидуалните слободи“, стои во пресудата.

Највисокиот административен суд (Државен совет) денеска ја објави пресудата, која доаѓа по барањето на Лигата за човекови права да се отфрли забраната на југот на Франција, која, според нив, претставува кршење на граѓанските слободи.