ФРАНЦИЈА: Оланд и Макрон заедно на одбележувањето на Денот на победата над фашизмот

Сподели

Актуелниот француски претседател Франсоа Оланд и неговиот новоизбран наследник Емануел Maкрон претпалднево заедно присуствуваа на одбележувањето на Денот на победата над фашизмот – 8 мај, јави дописникот на МИА од Париз.

Новоизбраниот француски претседател во текот на денот ќе поднесе оставка на функцијата лидер на неговата центристичка партија Напред (ЕМ), а во следните денови се очекува и да го соопшти името на новиот премиер и составот на неговата влада, во пресрет на парламентарните избори закажани за 11 јуни.

По вчерашните избори центристичкиот кандидат Макрон на 39 години ќе стане осмиот претседател на Петтата Република и најмлад во историјата.

Мандатот на Оланд официјално истекува следната недела, а примопредавањето на власта е предвидено да се одржи за време на викендот.