Француски институт – Скопје: Меѓународна манифестација “Ноќ на идеите и во Скопје”

Сподели

 

Францускиот институт во Скопје, во четврток на 14 февруари, во 18 часот го организира настанот “Ноќ на идеите во Скопје”, „Како филозофијата ја гледа иднината“.

„Ноќ на идеите“ е меѓународна манифестација, која се одржува на иницијатива на Францускиот институт во Париз и француското Министерство за култура и Министерството за надворешни работи, а претставува покана за отворен дијалог за запознавање со предизвиците наспроти кои денес е исправена науката, како и за размена на мислења околу актуелните проблематики на денешницата.

Ноќта на идеите во Скопје е замислена како дебата помеѓу г-ѓа Делфин Морана Бирло, професорка на Универзитетот Париз 1 Пантеон Сорбона, и проф. д-р Ана Димишковска, професорка на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје.

Дел од темите на кои ќе се разговара на оваа отворена дебата се предизвиците со кои се соочува филозофската мисла во 21-от век, местото на историјата на уметност помеѓу минатото и иднината и за тоа како да им се даде поголема присутност на општествените науки во образованието.