ФРОДЕМ: Сторениот криминал и зло не се перат со секојдневни соопштенија во форма на ЕПП детергент

Сподели

„Криминалната партиска врхушката на ДПМНЕ опсесивно, секојдневно како на шапилограф штанца соопштенија со кои ја критикува новата извршна власт. Не дозволија ни да се конституира, а веќе изнајдоа бројни мани и забелешки. Наместо 100 дена тие не издржаа ни 1 ден без критизерство.

Врхушката мора да разбере дека политиката не е продавање ефтин детергент, со ефтини пораки, па по секоја цена да се продава пропаганда. Тие што со години ги лажат дека ЕПП-то за детергент и политичките пораки се едно не доведоа до овој страотен колапс.

Дебел отчет треба да дадат и затоа треба да се фокусираат на таа тема, а не да измислуваат теми за дефокусирање!
ФРОДЕМ го повикува чесното и некорумпирано членството на партијата да побара одговорност од врхушката. Штетните политики за државата и граѓаните не дојдоа однадвор туку тие се плод на пропустите и грешките во сопствените редови. Сите треба да разберат дека и покрај огромната „народна пара“ и контролата врз целата држава сепак се претрпе тежок пораз. Затоа партиската база мора да побара оставка од целата раководна структура и да почне да создава услови за избор на ново партиско раководство кое реално ќе се спротистави на новата власти ќе биде победник на следните избори. Рокот немилосрдно истекува.

Исто така, ја повикувама корумпираната партиска врхушка да претстане да се бламира со етикетирања за тоа кој од новата власт е наводно криминалец, кој бил осуден, обвинет и слично затоа што речиси целата партиска врхушка е осомничена и е предмет на кривичен прогон за многубројни тешки кривични дела.

ФРОДЕМ ја користи оваа прилика да ја поддржи иницијативата на новосоздадената партијата БЕСА за расветлување на случаите „Монструм“ и „Сопот“. Истовремено, ФРОДЕМ бара од надлежните институции да ги провери шпекулациите во јавноста за начинот на финансирањето на оваа политичка партија. Со расчистени шпекулации оваа партија многу полесно ќе предлага иницијативи и ќе го гради својот авторитет и ќе гради коалиции со другите политички партии“, се вели во соопштението на ФРОДЕМ.