Галерија АКАНТУС: Дневна изложба “Анти-индустријал”

Сподели

Галерија АКАНТУС, 24.ноември-03.декември, дневна изложба “Анти – индустријал”

24. ноември, 18.00 – 21.00 часот

25. ноември, 26. ноември од 12.00 до 16.00 часот

29.ноември, 30.ноември и 01.декември, 13. 00 до 21.00 часот

02.декември, 03.декември од 12.00 до 16.00 часот

 

Бидете дел од 10 дневната изложба “Анти- индустријал”, на која уметничката галерија Акантус покани дизајнери да изложат производи кои се настанати со голема љубов и ентузијазам како идеја за економска и социјална реформа.

Низ процесот на создавањето и реализирањето на нивните колекции создадена е можност за одржување на повеќе занаетчиски работилници, дизајнерски ателјеа кои трагаат по критериумот за убаво изработен и естетски осмислен производ.

Поддржувајќи го напорот на дизајнерите за самоодржливост, креирање и осмислување на нивните идеи, ја нудиме можноста, клиентот да изгради подобар критериум низ компетитивност за убав производ и поддршка на домашната сцена дизајнери и произведувачи. Малите серии ги прават производите единствени.