Галерија АКАНТУС: Изложба на Миро Масин – “Од кујната на Масин”

Сподели

Вечерва во Галерија “АКАНТУС” со почеток во 18. часот почнува отворањето на изложбата „Од кујната на Масин.“

…за сликите и скулптурите што ќе ги изложи во „Акантус“, во април. Тоа е изложбата на која сте дојдени, и тоа е галеријата во која стоите. Како и многу други сликари, Миро’ дошол во фаза кога не слика само на правоаголни платна, класично, туку на сѐ што има површини за сликање. Криви, овални, вдлабнати, испакнати… секакви. Еве, освен „нормални“ слики од циклусот „Enchante“, на изложбава има едно 15 музички инструменти што се исправни и можат да свират, ама се осликани. Од сите страни. Неколку гитари, две мандолини, балалајка, контрабас… има и пијано, ама не знам дали ќе успее да го довлечка до галеријата, многу е габаритно, пустото. Овие свират, не се само убави. Има и труба и виолина, ама тие се скулптури-светилки, и на нив не може да се музицира.

***

[…]Сликарството на Масин на оваа изложба е во огромен дел апстрактно, и како такво, не е многу податно за прецизни толкувања. Ич да не ви е битно што сакал тој да претстави, и дали насликаното е во некаков тренд, каква му е идејата, приказната, длабочината, потегот со четката, колоритот… и слично. Гледајте вие да најдете нешто што ќе ве поврзе со формите и боите што ги гледате, и ако ви успее, најдете си во делото сопствена приказна.

Тихомир Јанчоски