Ганиу: Хепи Шелтер и општина Чаир постигнаа високи успеси со собирањето на кучињата бездомници

Сподели

 

Точно еден месец по потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу општина Чаир и Здружението за заштита на животни „Хепи Шелтер“ Скопје, значително е намален бројот на кучињата бездомници во Чаир. Додека со потпишувањето на овој Меморандум и отпочнувањето на акциите на терен, општина Чаир стана прва во земјава која по ваков модел го решава проблемот со кучињата бездомници.

 

 

Градоначалникот на Чаир Висар Ганиу денеска го посети Здружението за заштита на животни „Хепи Шелтер“ Скопје и на средбата со неговиот претседател г. Кемал Незири беше информиран за бројните акции кои здружението ги презема низ територијата на Чаир. Во оваа прилика беше информирано дека досега од повеќе локации во општина Чаир се собрани близу 23 проценти од кучињата бездомници, односно од секаде каде што доаѓаат известувања на граѓаните за присуство на кучиња бездомници.

 

 

Градоначалникот на Чаир рече дека нашата заложба за нула кучиња бездомници во Чаир стана наша реализација, и според прогнозите до крајот на оваа година во оваа општина нема да има кучиња бездомници. Додека појасни дека и на средбите што ги имал со жителите од населбите ја поздравиле акцијата Нула кучиња бездомници во Чаир.

„Со многу брза динамика се врши собирањето на кучињата бездомници во општина Чаир од страна на екипите на здружението “Хепи Шелтер“. Точно пред еден месец го потпишавме меморандумот и денес имаме близу 23% помалку кучиња бездомници во нашата општина. Ова е многу позитивна динамика и според прогнозите очекуваме до крајот на годината во нашата општина да нема кучиња  бездомници“, рече Ганиу.

 

 

Тој им се заблагодари и на претставниците на “Хепи Шелтер“ кои со толкава грижа и посветеност ги спроведуваат акциите за собирање кучиња, додека неизмерно им се заблагодари на граѓаните што прекрасно соработуваат со тоа што јавуваат за присуство на кучиња бездомници.

Општина Чаир и здружението “Хепи Шелтер“ ја разгледуваат и можноста за проширување на капацитетот на центарот за собирање кучиња и со тоа зголемување на динамиката на акцијата за собирање.

Инаку, како што беше предвидено со Меморандумот, се врши собирање, евидентирање и вакцинирање на кучињата  бездомници од експертите на здружението „ Хепи Шелтер“. Дополнително, од досегашните искуства, собраните кучиња ги имаат потребните услови да престојуваат во овој центар и подоцна да бидат посвоени од лица, главно во странство.

Ганиу уште еднаш силно апелираше до граѓаните да ги информираат општинските власти за присуството на кучиња бездомници на електронската пошта на општината или преку порака директно на социјалните мрежи. „Ние сме во целосна служба на граѓаните на Чаир“, потенцира Ганиу.