„Газпром“ ќе го одмрзне „Јужен тек“ ако политичкиот амбиент се промени

Сподели

gazprom-650x355

Руската гасна компанија „Газпром“ би можела веднаш да го одмрзне проектот „Јужен тек“ ако политичкиот амбиент се промени, изјави денеска заменик-претседателот на управнот одбор на „Газпром“, Андреј Круглов.

Круглов наведе дека проектот „Турски тек“ е подготвен за привлекување на проектно финансирање, пренесува руската агенција ТАСС.

Тој додаде дека „Газпром“ ќе ги намали трошоците во работењето за 237 милиони долари за оваа година.