Руските власти го уапсија генералот на Федералната служба за заштита (ФСО), Генади Лопирев заради сомневање дека примал мито.
ФСО е задолжена за осигурување на личната безбедност на претседателот на Русија, Владимир Путин и други руски официјални лица.
Лопирев кој бил на чело на секторот на службата во регионот на Северен Кавказ, се наоѓа во притвор и е под истрага. Тој најверојатно бил фатен на дело додека примал мито.
Истрагата утврдила дека со себе носел голема сума на пари, повеќе од 15,5 милиони долари.
Генералот би можел да се соочи со казна затвор од 15 години.