Делегација на Европската зелена партија предводена од генералната секретарка, Мар Гарсиа од 5 до 8 февруари ќе престојува во Скопје, во посета на зелената партија ДОМ.
Посетата се реализира со цел започнување на подготовките за претстојниот Совет на Европските Зелени што ќе се одржи од 12 до 14 јуни во Скопје, оваа година.
Во рамките на посетата, Мар Гарсиа ќе учествува како панелист на трибината организирана од ДОМ на тема “Перспективите на македонската евроинтеграција”, која ќе се одржи на 6 февруари во хотел Арка, со почеток во 12 часот.
Наредниот ден таа ќе оствари средба со техничкиот премиер, Оливер Спасовски и досегашниот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев.
На 8 февруари, генeралната секретарка на Европските Зелени ќе се обрати на свечената промоција на Програмата 2020-2024 на зелената партија ДОМ, во Сити Хол, со почеток во 12 часот.