Герасимовски: Италијански јазик за основците од Центар

Сподели

 

Книги, учебна литература, професори и други видови на поддршка на денешната средба договорија градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и аташето за култура во Амбасадата на Република Италија, Марко Пешетели.

 

 

На средбата, која се одржа брзо по состанокот на градоначалникот на Општина Центар со амбасадорот на Италија, Н.Е. Андреа Силвестри, покрај Герасимовски и Пешетели, присуствуваа и директорките на осумте општински училишта и надлежните општински служби.

 

 

„Денешната средба со господинот Пешетели е одлична можност за директорките на нашите основни училишта директно да се запознаат со планот за изучување на италијанскиот јазик од шесто до деветто одделение во училиштата и да ги договориме наредните чекори. Добрата соработка која ја имаме со Амбасадата на Република Италија продолжува со воведувањето на италијанскиот јазик во училиштата, но и со дргуги заеднички проекти и активности“, изјави по средбата градоначалникот Герасимовски.

Активностите за промоција на изучувањето на италијанскиот јазик во основните училишта започнуваат во март, за веќе во мај да се почне и реализацијата на овој проект во училиштата во Општина Центар.

Италијанската амбасада освен поддршката за процесот на изучување на јазикот, има одвоено средства и за стипендии на најдобрите ученици кои ќе го изберат италијанскиот јазик.