Герасимовски: Со „Игри без граници“ ја завршуваме Детската недела во Центар

Сподели

 

Во спортски дух ја завршуваме Неделата на детето! Ученици од осум центарски училишта денеска се натпреваруваа во повеќе активности на спортскиот полигон и во влечење јаже, во рамките на традиционалните „Игри без граници“ организирани од Општина Центар. Учениците од четврто и петто одделение си ги измерија силите во Паркот на Франкофонија.

Градоначалникот Герасимовски, кој го следеше детскиот натпревар, во изјава за Канал 5 информираше за  спортот  и активностите за најмладите во Општината :

 

 

”Спортот треба да биде дел од секојдневието на децата, преку училиштата, спортските клубови, тоа е многу важно за нив. Да создаваме здрави навики, децата да ги направиме поцврсти и посилни за да можат да бидат подготвени за  натамошниот живот”, истакна Герасимовски.

Градоначалникот, воедно, ја искористи можноста да ги покани сите центарци на добра забава на големиот музички хепенинг, кој ќе се случи на 10 октомври во 19 часот во Паркот Франкофонија, а на кој ќе учествуваат DJ Фиц, Дани, Тамара, ДНК, Некст тајм, DJ Чваре.

Инаку, во рамките на детската недела, Општина Центар организираше серија настани во кои беа вклучени градинките и основните училишта. Првачињата свечено влегоа во Светската детска организација, беше отворен Центарот за талентирани ученици во ООУ ,,Димитар Миладинов”, а достоинствено се одбележа и Денот на учителот со доделување серификати за одржани обуки за булинг.

 

 

 

Општина Центар работи активно на мотивирање на младите  да се посветат на спортот, со цел да се зацврсти  нивното  физичко и психолошко здравје. Преку физичките активности градиме личности со самодоверба, тимски ориентирани и сплотени кои ќе бидат темел на нашето општество.