Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски присуствуваше на и официјалното отворање на „Маалски фестивал“ во КСП Јадро.
Тој заедно со директорот на културниот центар Јадро Ѓорѓе Јовановиќ го претставија и новиот мурал во општината кој ги отсликува личните доживувања на Скопје и Центар на илустраторите Белкис Аксу и Мурат Калвакан.
„На мое задоволство на ова официјално отворање на второто издание на „Маалски фестивал“ имаме чест да го промовираме новиот мурал на фасадата на овој Културен центар. Муралот е насловен „И ние сме од Скопје“ и истиот зборува за искуствата во Скопје на илустраторите Белкис Аксу и Мурат Калвакан. И Скопје и Центар се баш тоа, носат сопствени приказни и доживувања кои треба да си ги раскажеме. Мене ми е мило што преку овој „Маалски фестивал“ почнуваме да градиме традиција на културни вредности од повеќе аспекти, рече Герасимовски.
Герасимовски од КСП Јадро ја претстави програмата за останатите два дена која вклучува Креативна работилница за Све и свашта под водство на Никола Писарев, работилница за изработка на чуднозвучни инструменти под водство на Тома Димовски, Маалски базар и мал саем на книги, поетско читање, танцов перформанс на Битрикс, раскажување маалски приказни, кино проекции и Пратеникот, театарска претстава по текстот на Народен пратеник на Бранислав Нушиќ.