Лидерот на ГЕРБ и поранешен бугарски премиер Бојко Борисов денеска објави дека неговата партија ќе го поддржи кревањето на бугарското вето за почеток на преговорите на Северна Македонија за влез во ЕУ, откако претходно неговата партија заедно со другите опозициски партии не се појавија на продолжението на парламентарната седница, па немаше кворум, известува mediapool.bg.
Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на твитер напиша дека лидерот на бугарската опозициска партија ГЕРБ и експремиер, Бојко Борисов донел „историска одлука“ со најавата дека ќе го поддржи францускиот предлог за надминување на бугарското вето кон Северна Македонија во ЕУ.
„Му благодариме на лидерот на опозициската ГЕРБ Бојко Борисов за историската одлука за Европа и за Македонија да прифати преговори базирани на францускиот предлог, дозволувајќи да се отворат пристапните преговори со Македонија. Очекуваме владата да ги достави неопходните предлози до парламентот денеска за да може Европа да оди напред“.