Герила акција „Заробена држава – никогаш повеќе“ во центарот на Скопје

Сподели

 

Изутринава на улица „Македонија“, во центарот на Скопје осамна герила инсталација насловена „Заробена држава – никогаш повеќе“.

Активисти поставиле железна ќелија, во која се наоѓа големо пано со испишани потсетници поврзани со повеќе настани и случувања од периодот 2006-2017 и владеењето на Никола Груевски.

 

 

Судии и обвинители во тефтерче, затворени новинари и медиуми, нарачани лустрации за прогон на интелектуалци, проектот Скопје 2014, пораки за местењето избори со притисок и фантомски гласачи, тепањето студенти по библиотеки, црниот понеделник 24 декември 2012, крвавиот четврток 27 април 2017, прислушувањето на над 20.000 граѓани, се само дел од пораките за заробената држава во времето на владеењето на Груевски, кои осамнаа утрово на пешачката улица Македонија во центарот на Скопје.

 

 

Герилската уметничка инсталација носи наслов „Заробена држава – никогаш повеќе“, а во неа државата е претставена како железна ќелија, во која се наоѓа големо пано со испишани потсетници поврзани со повеќе настани и случувања од периодот 2006-2017. Ова е најнова во серијата вакви акции, кои стануваат сè поактуелни како оригинален начин за изразување на политички ставови поврзани со актуелната политичка ситуација во земјава во предизборието.