Германија врати 300 тона злато од САД

Сподели

Германската централна банка го заврши процесот на враќање на 300 тони злато од САД, што е дел од планот кој се однесува на враќање на златните прачки кои биле чувани во странство за време на Студената војна, јавува Anadolu Agency (AA).

„Бундесбанк“ денес соопшти дека во 2016 година се вратени 111 тони злато од Федералните резерви во Њујорк, што беше последен дел од 300-те тони златни резерви што беа планирани да се вратат. Исто така, се додава дека од Париз се вратени 105 тони злато.

Германската централна банка во 2013 година започна процес за трансфер во Франкфурт на 300 тони злато од Њујорк и 374 тони злато од Париз. Од француската престолнина треба да врати уште 91 тон злато.

Кога трансферите ќе бидат комплетирани во текот на оваа година, во Франкфурт ќе се чуваат 3.378 тони злато, што е половина од германските златни резерви. Остатокот ќе биде во Њујорк и во Лондон.