Германската Влада најави можни правни мерки против Фејсбук и другите социјални мрежи доколку не ја засилат борбата против говорот на омраза или „исламистичките терористички фантазии“, изјави германскиот министер за правда, Хајко Мас.
Мас изјави дека Фејсбук, Твитер и Гугл се почесто и се побрзо ја отстрануваат нелегалната содржина од интернет, но дека на тоа поле е потребно уште многу да се поработи. Социјалните мрежи реагираат главно на барање на владините организации, но приватните жалби не се земаат доволно во предвид.
-Од вкупната нелегална содржина што ја пријавиле корисниците, Твитер брише околу 1%, Јутјуб само 10 %, а Фејсбук 46 %, рече Мас, потенцирајќи дека тое е премалку.
Мас најави дека за преземање на следните чекори ќе се одлучува откако Владата во март следната година ќе ја заврши студијата за ова прашање, додавајќи дека не ги исклучува и правните мерки. Тој, меѓутоа, не прецизира кои точно мерки може да бидат преземени.