Германија го зголемува степенот на готовност од сајбер напади, бидејќи интернет-страниците на владата секојдневно се мета на вакви напади, а во очи парламентарните избори, закажани наесен.
„Забележуваме напади на владините мрежи на дневно ниво“, изјавил за викенд-изданието на весникот „Велт“, претседателот на германската федерална канцеларија за информатичка безбедност (БСИ), Арне Шенбом, пренесува балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“.
Според него, БСИ е во близок контакт со претставниците на институциите задолжени за изборите, со политичките партии и со сојузните германски држави, со кои се разговара за мерките за заштита од сајбер напади.
Шенбон, како што пренесуваат светските агенции, нагласува дека канцеларијата е подготвена да реагира на евентуални напади во очи изборите.