„Гласно“ спроведува истражување во 30 текстилни компании во Источна Македонија

Сподели

По неколку последователни пријави од три текстилни фабрики, од самите работници, надлежните излегле на терен и утврдиле дека стандардите за работа под итно мора да се менуваат, а со тоа фабриките се принудени да ги подобрат условите за работа.

Сите реакции биле во делот на условите за работа, а две од трите пријави се однесуваат на текстилни компании од Штип:

-Фабриките во Штип се претежно со странски капитал. Воочивме дека се монтираат уреди за ладење во едната, а во другата се работи на отстранување на сите хигиенско-технички услови и подобрување на условите за работа на самите работници, изјави Горан Трајков, претседател на Здружение „Гласно“.

Третата пријава и инспекциска контрола била во компанија во општина Пробиштип:

-Имаме две различни состојби. Инспекторот утврдил дека условите се во ред, а други инспектори утврдиле дека условите за работа не ги задоволуваат стандардите . Сега, самите стопанственици постапуваат за исправување на овие неправилности, дополни Трајков.

Во меѓувреме, здружението „Гласно“ спроведува истражување во 30 текстилни компании во Источна Македонија. Истото се однесува на исполнување на законските обврски во делот на користење на годишните одмори. Резултатите наскоро ќе бидат презентирани јавно.

извор: ТВ Стар