Гордана Јанкулоска на распит во СЈО

Сподели

 

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, придружувана од нејзиниот адвокат, Никола Додевски, денеска во 10 часот дојде на распит во Специјалното јавно обвинителство, јавува Алсат-М.

Од Специјалното јавно обвинителство, ниту ја потврдуваат, ниту ја демантираат информацијата, а нема информации зошто и за кој случај е повикана Јанкулоска во СЈО.

Јанкулоска е осомничена во повеќе случаи што ги отвори ова Обвинителство, но досега нема покренато обвинение против нејзе. Неколку пати беше на распит во СЈО и во Судот и според нејзе, истрагите на ова Обвинителство се политички монтирани.