„Господ постои, името ѝ е Петрунија“ освои „Златна мимоза“ на филмскиот фестивал во Херцег Нови

Сподели

 

На штотуку завршениот Филмски фестивал во Херцег Нови во Црна Гора, “Петрунија” ја доби главната наградата ЗЛАТНА МИМОЗА за најдобар филм.
Петтчленото жири , составено од Дуња Клеменц, продуцент од Словенија, Винко Брешан, режисер од Хрватска, нашиот најистакнат актер Никола Ристановски, Јелена Мишељич, продуцент од Црна Гора и режисерот Никола Ључа доделувајќи јанаградата во своето образложение рекоа: ” За политичко провокативната модерна бајка, која одекнува, боли и засмејува”. http://filmfestival.me/…/grand-prix-filmu-bog-postoji-ime-…/.

 

 

Филмот беше преставен во Црна Гора од трите актери Стефан Вујисич, Суад Беговски / Суки и Илија Волчески. Наградата ја прими Стефан Вујисич од режисерката Марија Петрович, претседателката на одборот на фестивалот.

Во месец август “Петрунија” е застапена на седум фестивали ширум светот, затворајќи го месецот со прoекција на 31.aвгуст на големиот Венецијански филмски фестивал во селекцијата Денови на Авторите, каде влезе како дел од трите финалисти за престижната награда Лукс.

Останатите фестивали за месец Август се Мелбурн филмскиот фестивал во Австралија, http://miff.com.au/program/…/god-exists-her-name-is-petrunya
,Интернационалниот Филмски фестивал Исток и Запад во Русија http://east-west-festival.ru/international.html. Во Јужна Кореа, Петрунија ќе биде филм на отварање на Seoul International Woman’s Film festival
http://www.siwff.or.kr/eng/addon/00000001/program_view.asp…,
на филмскиот фестивал во Полска, http://www.dwabrzegi.pl/…/…/god-exists-her-name-is-petrunya/ како и на Сараевскиот филмски фестивал https://www.sff.ba/en