Гостувачка изложба во Музејот на македонската борба

Сподели

 

Гостувачката изложба „Светите новомаченици од Јасеновац во светлината на воскресението“ на Музејот на жртвите на геноцидот од Белград, Република Србија, ќе биде отворена денеска (16 ноември) во 13 часот во НУ Музеј на македонската борба за самостојност.

„Изложените дела на авторката, која е монахиња, а не обучен визуелен уметник, се базирани врз иконографските традиции измешани со наивното, но содржат и суптилна врска со реалистичкото сакрално сликарство на Христијанската православна црква и најдобрите традиции на школата за иконопис“, информираат од Музејот на македонската борба.

Изложбата се организира како резултат на потпишаниот Протокол за соработка меѓу Музејот на жртвите на геноцидот од Белград, Република Србија, и Музејот на македонската борба за самостојност.

Македонската публика ќе има можност да ја види изложбата од 16 ноември до 15 декември 2023.