Град Скопје и АМСМ за поголема безбедност во сообраќајот

Сподели

 

Безбедноста на сите учесници во сообраќајот е во редот на врвните приоритети на Градот Скопје, а донација од АМСМ за обележување на „Зона 30“ со поставување сообраќајни знаци, катадиоптери и слично, пред средното училиште на Град Скопје „Димитар Влахов“ ќе влијае за побезбедно одвивање на сообраќајот на булеварот Трета македонска бригада.

 

 

Обележувањето на „Зона 30“ пред СУГС „Димитар Влахов“ е донација што се реализира во рамките на кампањата #SpeakUp (#КревамГлас), која имаше цел идентификување на сообраќајните проблеми со кои се соочуваат сите граѓани коишто се учесници во сообраќајот.

 

 

Донацијата е обезбедена преку ФИА грант програмата за зголемување на безбедноста во собраќајот и е реализирана во соработка со ФИА Фондација.