Град Скопје денес ќе ја презентира програмата за работата на јавното претпријатие Лајка.
“Изминативе денови во јавноста се изнесоа голем број дезинформации и невистини во врска со програмата. Ве повикуваме во вторник во 18 часот на аргументирана дебата со конструктивни предлози за програмата на ЈП „Лајка, се вели во поканата од Град Скопје – соопштуваат од Град Скопје.
Заинтересираните граѓани што сакаат да присуствуваат треба да го потврдат присуството со име и презиме во inbox нa официјалниот Facebook профил на Град Скопје,а за сите заинтересирани лица што не се во можност да присуствуваат ќе биде обездбен пренос во живо – online на МИА.