Град Скопје: Отстранети 433 непрописно паркирани возила од јавните површини

Сподели

 

Во текот на изминатите 10 дена, со специјалните возила пајак се подигнати 433 возила од јавните површини.

Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 64 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 369  возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно  685 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 64 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка -соопштуваат од Град Скопје.