Град Скопје по пошта доставува потврди за бруто остварени приходи

Сподели

Град Скопје извести дека по пошта достави Потврда за бруто остварените приходи, пресметаниот и платениот данок и вкупно исплатените нето приходи во текот на 2017 година, до сите физички лица кои по различен основ имаат остварено приход од Град Скопје /субвенции за печки на пелети, субвенции за велосипеди и слично/.

Потврдата за остварени приходи од Градот Скопје треба да послужи за пополнување на Годишната даночна пријава која даночните обврзници се должни да ја поднесат до Управата за јавни приходи најдоцна до 15 – ти март 2018 година.

Градот Скопје ги известува граѓаните коишто нема да добијат Потврда за бруто остварените приходи, пресметаниот и платениот данок и вкупно исплатените нето приходи во текот на 2017 година дека истата ќе може да ја подигнат во Град Скопје, Сектор за финансиски прашања (барака 7), секој работен ден од 09 до 15 часот.