Град Скопје: Подготвени сме за одржување и чистење на снежните наноси во Скопје

Сподели

 

По најавите за врнежи од снег и ниски температури во наредните денови, одржавме координативен состанок на терен со зимската служба на Градот Скопје и скопските јавни претпријатија, изјавија од Град Скопје.
 
 
 
 
“Градот Скопје е подготвен за одржување и чистење на снежните наноси од коловозите на булеварите на подрачјето на Скопје во зимски услови.
Градот Скопје им препорачува на возачите внимателно движење во сообраќајот и придржување согласно условите на коловозите. Апелираме до сите стопански субјекти во градот и до граѓаните, да ги почитуваат законските обврски за расчистување на снегот и мразот од пристапите до деловните односно станбените објекти”, изјави Данела Арсовска.
 
Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и собирните градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините кои се задолжени за нивно чистење и одржување, додаваат од Град Скопје.