Град Скопје со поддршка за доделување електромоторни погони за инвалидски колички

Сподели

 

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска оствари работен состанок со претседателот и претставници на Здружението на лица со телесен инвалидитет на Скопје Мобилност на кој разговараа за проектот „Мобилна личност успешна индивидуа”, кој се реализира со поддршка на Град Скопје, како и за динамиката на неговата реализацијата.

– Овој проект има за цел да го подобри квалитетот на живот на лицата со телесен инвалидитет од здравствен, социолошки, образовен, културен и економски аспект. На корисниците им се овозможува да се стекнат со мобилност која им е неопходна за меѓусебна соработка, вмрежување и рушење на стереотипите – истакна на средбата градоначалничката Арсовска.

Во рамки на проектот со формирање на Комисија и објава на јавен повик ќе се доделуваат додатоци на електромоторни погони за инвалидски колички на лица со телесен инвалидитет.