ГРАД ВО ИНДИЈА ЌЕ ДОБИЕ „ТАКСИ КАПСУЛИ“ ЗА ДА ГИ НАМАЛИ ГУЖВИТЕ ВО СООБРАЌАЈОТ

Сподели

https-2F2Fblueprint-api-production.s3.amazonaws.com2Fuploads2Fcard2Fimage2F1435132Fpod_taxis-702x336

Гургаон, предградие на Њу Делхи и дом на претставништвата на гиганти како Гугл, Мајкрософт и Епл во Индија, наскоро ќе добие електрични капсули без возачи со цел да се намалат застоите во сообраќајот со кои секојдневно се справуваат илјадници луѓе кои патуваат од своите домови до работните места.

Се очекува пилот проектот да ја поврзе границата на Делхи со внатрешноста на Гургаон, со 16 станици распространети на должина од 13 километри. Електричните капсули ќе бидат од жичарница, и ќе сообраќаат на редовни интервали.

Просечната брзина на капсулите е 60 километри на час и можат да се користат за да пренесуваат пет до шест патници одеднаш. Се очекува дека ќе пренесуваат по 30000 патници дневно и ќе чинат 126 милиони долари, што е помалку од сумата која е потребна за да се направи метро.

„Такси капсулите“ ќе бидат слични на концептот на Skytran, стартап-партнер на НАСА кој треба да го промени јавниот транспортен систем со мрежа на левитирачки капсули кои се движат по високи шини. Skytran моментално го развива својот пилот проект во Тел Авив.

radiomof.mk