Се воведува забрана за движење во Киев без посебни пропусници од 20 часот денеска, до седум часот на 17 март, објави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко на својот Телеграм канал.
– Согласно одлука на воената команда од денеска – 15 март, од 20 часот, во Киев се воведува полициски час. Забрането е движење низ градот без посебни пропусници. Може да се излезе само за да се стигне до засолниште. Полицискиот час ќе биде во сила до седум часот на 17 март, напиша Кличко.
На својот Твитер профил, Владимир Кличко, брат на градоначалникот објави видео од Киев.
„Вака изгледа руската војна против цивилите, уништени згради, уништена инфраструктура, погоден градски автобус, изгубени животи. Ова е војната што ја започна Русија, ова е градот Киев. Многу градови во Украина беа уништени и изгубени животи. Вистина е. Оваа слика е вистината за војната на Русија против Украина, војната на Путин против Украина“.