Граѓаните на Словенија денеска гласаат за претседател

Сподели

Граѓаните на Словенија денеска гласаат за претседател по петти пат од осамостојувањето на државата. Според официјалните податоци, право на глас имаат 1,7 милиони граѓани.

Во првиот круг ќе има 9 кандидати, од кои пет се жени. Ако ниту еден од нив не добие 50 отсто од гласовите, вториот круг од изборите ќе се одржи на 12. ноември.

Според резултатите од анкетите, најголеми шанси за победа има Борут Пахор, кој на овие избори се кандидира како независен кандидат. Пахор се надева на победа уште во првиот круг. Тој има значителна предност на анкетите пред градоначалникот на Камник, актерот Марјан Шарец и Романа Томц од конзервативната партија СДС.

Изборните места се затвораат во 19:00 часот, а прелиминарните резултати се очекуваат по 21:00 часот.