Граѓаните во мај повлекле 67 милиони евра од банките

Сподели

geld

Граѓаните минатиот месец повлекле 67 милиони евра од банките, а депозитната база се намалила за 22 милиони евра, покажуваат податоците на Народната банка.

За разлика од граѓаните, кај кои продолжил трендот на повлекување пари од банките, фирмите ги вратиле парите назад. Тие во мај депонирале 29,6 милиони евра во банкарскиот систем.

Гувернерот Димитар Богов пред еден месец изјави дека повлекувањето на депозитите речиси целосно запрело и имало стабилизирање на ситуацијата.

Во април граѓаните повлекоа рекордни 58,5 милиони евра (3,6 милијарди денари) од банките, што е 1,6 отсто од вкупните депозити на населението, како одговор на шпекулациите за наводна девалвација на денарот и на вештачки создадената криза на менувачкиот пазар на девизи.

Граѓаните во мај повлекле 67 милиони евра од банките