Грција ја поддржува кандидатурата на Македонија за Јадранско-јонската иницијатива

Сподели

Грчкиот заменик министер за надворешни работи Јоргос Катругалос изјави дека грчката Влада ќе ја поддржи кандидатурата на Македонија за приклучување во Јадранско-јонската иницијатива.

Катругалос, во писмо до еврокомесарите за проширување и добрососедска и за регионална политика, Јоханес Хан и Корина Кретсу, ги најави намерите на Грција за поддршка на кандидатурата на Македонија.

Во оваа иницијатива веќе се вклучени Грција, Италија, Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина.