ГРЦИЈА: Ципрас реизбран за лидер на “Сириза”

Сподели

aleksis-cipras-10-620x350

Грчкиот премиер Алексис Ципрас е реизбран за лидер на неговата левичарска партија Сириза со 93,54 проценти од гласовите на партиските делегати.

На овој конгрес на Сириза, 42-годишниот Ципрас доби 20 проценти повеќе гласови од гласањето во 2013 година.

Големо мнозинство од околу 2.700 делегати на партискиот конгрес застанаа зад својот лидер, додека критичарите го обвинуваат за предавство поради договорот со ЕУ за мерките за штедење.

– Обновата на довербата во мене е обновување на одговорност за помасовна, поколективна, поефикасна партија во тешките борби кои се пред нас, за Грција на правда и просперитет, напиша Ципрас на својот налог на „Твитер“ по објавувањето на резултатите од изборите за лидер на партијата.