Во областите на Солун и Пелопонез прогласена е вонредна состојба поради поплавите предизвикани од дводневните поројни дождови, јави агенцијата АНА.
На состанокот во градот Каламата, на кој присуствуваше владина делегација, одлучено е да се преземат вонредни мерки.
Досега во поплавите животот го загубија четири лица, а едно се смета за исчезнато.
Спасувачките тимови успеаа да извлечат 24 лица во Солун, 29 се спасени во Лаконија и 21 во Месинија.