Груби – Јанковиќ: Никој да не го попречува Евроатлантскиот процес

Сподели

Артан Груби денес во Скопје се сретна со шефот на Канцеларијата на НАТО во Скопје, г-дин Зоран Јанковиќ и дискутираа за ситуацијата во Македонија со посебен акцент на зачленувањето на Македонија во НАТО. 

Секретарот Груби истакна дека Демократската Унија за Интеграција го подржува севкупниот процес за Интеграција на Македонија во НАТО и Европската Унија како конкретен придонесувач во постигнување на Преспанскиот Договор. 

НАТО и ЕУ се апсолутно приоритети на ДУИ, Албанците и на сите граѓани на Македонија, затоа, никој не треба да го оспорува овој процес. Евентуалното оспорување или загрозување на овој процес од опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ, Беса и Алијанса, во ниту еден случај не треба да го стави под знак прашалник успешното завршување на овој голем и важен проект, не само за Македонија, но и за Југоисточна Европа, затоа што сите сносиме одговорност за овој процес.