Денеска Груевски треба да се јави на издржување двегодишна затворска казна во Шутка, според упатниот акт од кривичниот суд
Тој правосилно е осуден на две години затвор поради малверзации сторени додека беше премиер, а се однесуваат на случајот “Тенк”, за тендерската постапка при купување на луксузен блиндиран Мерцедес.
Груевски минатата недела бараше одложување на казната, но неговото барање беше одбиено.
Aдвокатите на Груевски најавија дека жалба до Кривичниот совет ќе испрати лично и Груевски, а рокот истекува денеска. Ако жалбата биде испратена во текот на денешниов ден, треба време таа да стигне со судот. Со оглед на тоа дека Кривичниот совет потоа има рок од три дена да ја донесе конечната одлука дали на Груевски ќе му биле одложена казната затвор, би можело да се очекува дека денеска нема да биде денот кога поранешниот премиер ќе замине во затвор.