Груевски на средба со Жбогар: Не може да се контролира револтот на членството

Сподели

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заедно со партиските функционери Владимир Ѓорчев, Александар Николоски, Никола Тодоров и Никола Попоски оствари средба со амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар, информираат од партијата.

На состанокот со амбасадорот на Европската Унија Жбогар покрај честитката за успешно спроведените избори, пренесе неколку пораки од Брисел, поточно пренесе дека Брисел цени дека изборите биле слободни и фер, имало голема излезност, дека тоа е многу позитивно примено во Брисел и дека иако имало многу негативни претпоставки во однос на изборите и изборниот ден, сепак имаше мирна кампања и мирен изборен ден. Амбасадорот додаде дека Брисел очекува парламентот што поскоро да почне да работи и да се избере влада, и потенцираше дека е добро доколку се обезбеди поширока подршка во Парламентот поврзана со реформската агенда која е дел од процесот од зачленување во ЕУ. Тој нагласи дека Брисел повикува на лидерство со цел протестите пред ДИК да не излезат од контрола и изрази загриженост од реториката која се користи од дел од говорниците во демострациите. Нагласи и дека ЕУ не се меша во работата на ДИК.

-Од страна на партијата се изрази благодарност за честитките за слободните и фер избори. Се потенцира дека партијата е повеќе од две години загрижена од реториката, но и активностите кои беа превземани при протестите кои се случуваа во Македонија, како што беа палењето на канцелариите на претседателот на државата, кршење и уништување на државен имот, обидите за насилно влегување и палење на штабот на ВМРО-ДПМНЕ, што беше спречено од полицијата, и редица други слични постапки. ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека подржува мирни демонстрации и не подржува говор на омрза, но дека жали што Брисел и меѓународната заедница не изразуваше ваква загриженост и во претходните две години додека се одвиваа демонстрациите, се вели во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ се согласи дека европската агенда треба да е приоритет на новиот парламент и на новата влада.

-ВМРО-ДПМНЕ изрази разочараност од некои одлуки на ДИК кој се обидува да изврши постизборен инжињеринг, по што следеа детални информации околу скандалозното гласање на ДИК за поништување на едно избирачко место, базирано на изјава на личност дека не гласала, а истовремено сите членови на изборната комисија потврдија дека на прстот на лицето кое вели дека не гласало имало видливи траги од спрејот кој се става кај секој гласач, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ информираше дека на ДИК му беше предочено дека веќе постои судска пракса во Република Македонија, преку веќе донесена судска одлука, со која одлука е одлучено дека во случај ако на некое лице му било ускратено правото на гласање, истото лице имало право да бара заштитата на своето избирачко право, и нема основ за поништување на истото изборно место, посебно ако се земе во предвид, дека тој глас нема влијание на конечните резултати.

-Амабасадорот потенцираше дека тие не ги коментираат одлуките на независни државни институции, каква што е ДИК, и колку што разбира конечната одлука треба да ја донесе Управниот суд доколку има жалба на одлуките на ДИК. На крајот на средбата амбасадорот уште еднаш посочи дека очекува лидерство во правец на неескалирање на состојбите, на што беше одговорено дека не може да се предвиде што ќе се случи, бидејки има голем број револтирани граѓани чии постапки не може да се предвидат и целосно контролираат доколку институциите не работат согласно законот, стои во соопштението.