Гвардиола: Меси е играчот кој најмалку трча, но кога ќе добие топка, експлодира

Сподели

Говорејќи во врска со фактот што Меси не трча премногу на теренот, Гвардиола објасни дека во овие ситуации, десетката на „Барселона“ едноставно го следи развојот на акцијата

gardiola

 

МАДРИД (АА) – Лионел Меси е играчот кој најмалку трча во шпанската Примера, но затоа пак, кога ќе ја добие топката, тој веќе ја има разгледано играта, знае каде е секој, а потоа настапува експлозија, изјави Пеп Гвардиола, актуелниот менаџер на „Манчестер сити“, кој го водеше Аргентинецот четири години во каталонскиот клуб.

Говорејќи во врска со фактот што Меси не трча премногу на теренот, Гвардиола објасни дека во овие ситуации, десетката на „Барселона“ едноставно го следи развојот на акцијата.

„Меси оди по теренот, го испитува секој момент. Тој чувствува кога е сам и кога неговите противници го гледаат, и ќе најде место за себе, напиша Каталонецот во својата книга „Пеп Гвардиола: еволуција“, која ќе биде објавена на англиски јазик на крајот на оваа година.

Дваесет и деветгодишниот играч одигра 219 натпревари под водство на Гвардиола, постигнувајќи 211 гола и 96 асистенции.