Хајндл утре на средба со потписниците на Договорот од Пржино

Сподели

Johanes-Hajndl

Посредникот за решавање на политичката криза во Македонија, германскиот амбасадор во Австрија, Јоханес Ханјдл, утре ќе се сретне со лидерите на политичките партии, потписнички на Договорот од Пржино.

Предвидени се и разговори со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Емил Димитриев, министерот за надворешни работи, Никола Попоски, и со специјалната обвинителка Катица Јанева.

Според најавата од Амбасадата на Германија во Скопје, по средбите германскиот специјален пратеник утре би требало да даде и изјава за медиумите.