Во услови кога полека се намалува кризата од КОВИД-19 и кога животот почнува постепено да се враќа во нормала, сите оние сакаат да купат стан, куќа, деловен простор или да извршат рефинансирање на изложеноста во други банки по основ на станбен кредит, тоа можат да го реализираат многу лесно со Станбениот кредит на Халкбанк со пакет полиса за осигурување од Халк Осигурување кој сега е со уште подобри услови, креирани за посткризниот период.
Станбениот кредит обезбеден со пакет полиса за осигурување на Халкбанк е со најниски каматни стапки на пазарот – од 3,2% фиксна за првите 10 години, и 4 процентни поени + променлива стапка на 6 месечен Еурибор за останатиот период на отплата, кој може да биде до 30 години. Дополнително, овој производ е со ниска стапка на вкупни трошоци (СВТ) од 3,25% за кредит со рок од 10 години, и е БЕЗ трошоци за проценка и БЕЗ трошоци за одобрување. Односно, стапката на вкупни трошоци (СВТ) кај овој производ е најниска во земјава, без разлика дали се работи за рок на отплата на 10, 20 или 30 години.
Со кредитот, клиентот добива и пакет полиса за осигурување наменет за осигурување на станбени кредити од Халкбанк кој претставува една целина, а ги содржи следните покритија и опфатени ризици:
НЕМОЖНОСТ ЗА ВРАЌАЊЕ НА КРЕДИТИ – смрт од било која причина, смрт од незгода,
ОСИГУРУВАЊЕ ОД НЕЗГОДА – траен инвалидитет над 30%.
Максималниот износ на кредитот е до 140.000 евра, постои можност за грејс приод од 12 месеци, а минимумот на учество изнесува 10% од бараниот износ.
Во случај на предвремена отплата на кредитот, доколку тоа се врши од сопствени средства, не се наплаќа никаков надомест. При отплата со рефинансирање со кредит од друга банка се наплатува еднократен надомест во висина од 3% од вредноста на предвремено отплатениот износ.
Халкбанк има склучено и соработка со голем број градежни компании и доколку сакате да купите стан во зграда која е во тек на градба, Банката прифаќа хипотека со лист за предбележување како обезбедување за становите од компании кои се наоѓаат на листата на Банката.